Бизнис
9. July 2015 - 12:12

Македонско-унгарска деловна средба во Стопанската комора

Стопанската комора на Македонија во соработка со Министерството за економија и Амбасадата на Република Унгарија денеска организира деловна средба во рамки на подготвителниот состанок на Мешовитата комисија по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Унгарија.

На состанокот ќе се даде поддршка на иницијативата за потпишување меморандум за соработка од страна на Стопанската комора на Македонија и Аграрната комора на Унгарија, со цел зголемување на соработката во овој сектор. Ќе се предложат и мерки за унапредување на соработката меѓу фирмите од двете земји, како и соработката со останатите регионални комори во рамките на Стопанската комора на Македонија, првенствено во областа на земјоделството, но и во останатите дејности карактеристични за тие региони и на барање на компаниите. 

Од македонска страна, на состанокот ќе присуствуваат потпретседателот на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева и соработниците, а од унгарска страна, Левент Маџар, државен секретар при Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, како и Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија.