Македонија
18. February 2018 - 17:10

Македонско семејство од Италија три години не може да добие судска правда за починатата ќерка во Кочани

Здравка Колева од Кочани, 2 години чека да се дознае вистината за смртта на ќерка си, но засега правдата за неа и нејзиното семејство е многу далечна. Нејзината 21 годишна ќерка, Наталија Колева, и подлегна на повредите по 6 месечна кома, откако во октомври 2015-та година доживеа сообраќајна несреќа, кога како сопатничка на мотор, се судри со трактор на патот Зрновци-Кочани. Од тогаш, за семејството Колеви, кое веќе 13 години живее во Италија, започнува вистинска агонија по судските лавиринти.

- Прв пат на судење излеговме дури на 6-ти декември 2017-та. На првото рочиште не дојде моторџијата што исто беше учесник во сообраќајката и се одложи за 16-ти февруари. Овој ден тој дојде, но без адвокат и не сакаше да одговора на прашањата и затоа сега судењето се одложува за 20-ти април-изјави Здравка Колева, мајка на Наталија Колева

Адвокататот ноќта во очи судењето го известил неговиот клиент преку посредник, дека заминува во странство и не може да го застапува. Ниту судот, ниту Колеви биле информирани за оваа негова одлука. Нај трагично е што никој не покажува сочуство дека со секое судско рочиште тие одново и одново поминуваат низ потресниот настан.

- Секое доаѓање ме потсетува на првиот ден кога ја добив информацијата за сообраќајната незгода. Треба да не разбере некој и нас како родители дека со голема болка и тага ова го поднесуваме-изјави Колева

Здравка не обвинува никого, зашто добро знае дека нејзината прерано почината ќерка никој нема да ја врати, но бара поголема ажурност, емпатија и правда кон луѓето кои го изгубиле најмилото.