Ракомет
22. November 2016 - 14:16

Македонско дерби во регионалната ракометна СЕХА лига

 
Големите ривали Вардар и Металург попладнево ќе го одиграа својот втор меѓусебен дуел во регионалната ракометна СЕХА лига. 
 
Двата тима изминатиот викенд остварија значајни победи во дуелите од Лигата на шампионите, а овој меч доаѓа како увертира во новите дуели во елитното натпреварување кои обата тима ќе ги имаат претстојниот викенд. 
 
„Натпреварот против Вардар ни доаѓа во незгоден момент. Пред два дена имавме тежок меч во Норвешка против Елверум во која моите ракометари се исцрпија. Но, како и да е, ова дерби има големо минато и секогаш е интересно за љубителите на ракометот во Македонија. Вардар е апсолутен фаворит на овој натпревар, моите млади ракометари ќе мора да дадат се од себе ако сакаат да се надигруваат со македонскиот првак“, изјави Червар.
 
Македонскиот вицепрвак на дуелот против Вардар нема да може да смета на повредените Младеновиќ, Марчец и Драгаш, како и Брајовиќ, кој си замина од Скопје.
 
Црвено-црните на денешниот меч не ќе настапат без Илија Абутовиќ и Игор Карачиќ, кои се пожалија на повреди. 
 
„Играме македонско дерби против традиционалниот ривал Металург. Ќе биде интересен натпревар и сакаме да покажеме најдобро што знаеме пред домашните навивачи. Некои играчи се повредени вклучувајќи го Карачиќ и Абутовиќ. Како и да е, Вардар е на првото место и сакаме да победиме за да останеме на врвот во СЕХА лигата“, вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалез,.
 
На првиот меч, на почетокот на сезоната „црвено-црните" славеа со 25-24 на гостински терен.
 
Средбата Вардар – Метлург ќе се игра во СЦ „Јане Сандански" со почеток од  17:45 часот.