Бизнис
15. November 2017 - 8:29

Македонско-австриски деловни средби

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби.

Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби.

Области понудени за соработка се: енергетски решенија и услуги во областа на фотоволтаиците и складирањето на енергија, проектирање и изведба на индустриски хали и челични конструкции, добавувачи на системи за преработка и пренесување на минерални суровини, како и за производство на бетонски постројки и транспортери за бетон, производство на првокласни сирења и системи за заштита од громови, за заштита од пренапојување, како и системи за заземјување, информираат од Стопанската комора на Македонија.