Бизнис
24. September 2015 - 19:58

Македонските транспортери 4-ти ден заглавени на српско – хрватската граница

Продолжува агонијата на возачите заглавени на границата помеѓу Србија и Хрватска. Револтираните превозници веќе четврти ден се блокирани на граничните премини. Најголема штета трпат транспортерите кои превезуваат лесно расиплива роба како овошје и зеленчук. Огромни штети ќе претрпат и компаниите кои не можат да ги транспортираат стоките кон ЕУ и назад од неа, па мора да се пренасочат кон други премини.

Од Македонската Стопанска Комора алармираат дека  алтернативните патишта каде што македонските компании се обидуваат да ги пренасочат возилата се покажуваат како неефикасни. Граничниот премин Хоргош е повеќе затворен отколку отворен. Домашните компании се загрижени што не ќе можат да ги исполнат договорите со своите деловни партнери.

На полноќ истече рокот кој Србија и го даде на Хрватска да ја отвори границата и да ги пропушти километарските колони. Загреб не ги послуша барањата по што Србија го забрани увозот на хрватските производи.  По ова  Хрватска не дозволува влез на своја територија со српски пасош.

Надлежните согласни,  ако за брзо време не се стават во функција двата клучни гранични премини Бајaково и Хоргош големи ќе бидат штетите не само за Македонија туки и за сите национални економии во регионот.