Ракомет
7. October 2015 - 23:45

Македонските ракометарки поразени од Црна Гора

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз на гостувањето кај Црна Гора во Бар ги почна квалификациите за ЕП 2016 година. Фаворитот оствари триумф од 21:14 (12:8).

Почетокот очекувано им припадна на домашните ракометарки кои имаа водство од 7:2, но нашите ракометарки во 25.минута намалија на 8:6.
Во вториот дел Црна Гора ја зголеми разликата и очекувано стигна до првата победа во групата 4. Најефикасна на дуелот беше Булатовиќ со 6 голови.
Головите за Македонија ги постигнаа: Е. Ѓорѓиевска 4, Ристовска 3, Десподовска 2,  Саздовска 2, Ливриниќ 1, Кремаитчиева 1, Николиќ 1, додека Драгана Петковска имаше 8 одбрани.
На вториот дуел од групата Хрватска ја победи Словенија со 27:19.