Ракомет
10. October 2015 - 15:33

Македонските ракометарки домаќинки на Хрватска

 
 
Женската ракометна репрезентација на Македоинија е домаѓин на Хрватска во натпревар од квалификациите за ЕП 2016 година.
 
Нашиот подмладен состав вечерва во СРЦ Кале во Скопје против Хрватска ќе го одигра натпреварот од 2.коло во 4-тата групата во која утре ќе се играа и мечот меѓу Словенија и Црна Гора.
 
Хрватска и Црна Гора ја имаат улогата на фаворити во овие натпревари,  а двете репрезентации во првото коло славеа убедливи победи над Словенија и Македонија.
 
Вечерашниот меч меѓу Македонија и Хрватска ќе започне од 20 часот и 15 минути.