-->
-->
Македонските ракометари денеска ќе ги дознаат противниците на ЕП
-->
Покрај домаќинот на шампионатот Хрватска, пласман на шампионатот како прворангирани селекции во своите групи обезбедија: Македонија (4 група), Данска (1), Белорусија (2), Шпанија (3), Германија (5 и актуелен европски шампион), Шведска (6) и Франција (7).
На овие осум селекции им се приклучија и второ рангираните: Унгарија, Србија, Австрија, Чешка, Словенија, Црна Гора и Норвешка како и селекцијата на Исланд која заврши како најдобро трето пласирана репрезентација од сите седум групи.
Машката македонска ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае противниците на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Хрватска.
Македонските ракометари пред денешната ждрепка се сместени во вториот „шешир“ заедно со Данска, Белорусија и Шведска, па овие селекции неможат да им бидат противници на црвено-жолтите во првата групна фаза.
Во првиот „шефир“ покрај домаќинот Хрватска кој ќе игра во Сплит во А групата, се сместени и европскиот првак Германија како и селекциите на Шпанија и Франција.
Носител во третиот „шешир“ е Норвешка која своите средби ќе ги игра во Б групата во Пореч, а во истиот „шешир“ се и селекциите на Србија, Црна Гора и Чешка.
И од последниот „шешир“ ќе бидат извлечени селекциите на Унгарија (ќе игра во Д групата во Вараждин), Словенија (ќе игра во Ц групата во Загреб), Австрија и Исланд.
Шеснаесетте репрезентации ќе бидат поделени во четири групи, а пласман во втората рунда нема да обезбеди само последно пласираната, по што првопласираните две селекции од втората фаза ќе се пласираат во полуфиналето
Европскиот ракометен шампионат во Хрватска ќе се одржува од 12 до 28 јануари 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор