Македонија
30. јуни 2017 - 11:52

Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони денеска ќе ги добијат противниците за новата сезона

 
 
  Македонските претставници во ракометнатра Лига на шампиони вечерва ќе ги дознаа своите противници во првата (групна) фаза во елитното натпреварување. 
 
Иако ракометарите на Вардар ја освоија шампионската титула тие ждребката ќе ја исчекуваат од вториот „шешир“ во кој ќе биде и полскиот тим Киелце. 
 
Вардарци како и Киелце ќе играа во една од првите две групи (А и Б) кои ќе бројат по осум екипи, а за можни противници ќе ги имаат екипите на: Веспрем, Рајн Некар Ловен, ПСЖ, Кил , Флензбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла, Кристијанштад, Алборг, ПИК Сегед, Цеље и Мешков Брест.
 
 
Металург кој пак доби вајл-карта и во новата сезона на Лигата на шампионите ќе биде дел од групите Ц или Д. Тимот од Автокоманда не ќе може да игра против шпанскиот Адемар Леон кој е во првиот „шешир“ како и Металург за денешната ждрепка. Затоа пак можни противници на Металург ќе бидат: Скјерн, Монпеље, Кадетен Шахфаузен, Мотор Запорожје, Бешикташ, Горење, Елверум, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт и победникот од квалификациите во кои ќе играат: Алфа Хард (Австрија), Кокс (Финска), Спортинг (Португалија) и Татран Прешов (Словачка). 
 
 
Што се однесува до дамите. Македонските шампионки извлекувањето ќе го чекаат од првиот шешир во кој се и екипите на: Ѓер (Унгарија), Будуќност (Црна Гора) и ЧСМ Букурешт (Романија)
 
Во останатите „шетири“ се сместени: 
Втор „шешир“: Ларвик (Норвешка), Ростов Дон (Русија), Никобинг Фастер (Данска) и Мец (Франција) 
Трет „шешир“: Битигхајм (Германија), Крим Меркатот (Словенија),  ФТЦ Будимпешта (Унгарија) и Митјиланд (Данска).
Четврти „шешир“:Вистал Гдиња (Полска), Брест (Франција) и  победниците од двете квалификациски групи (Квалификант 1 и Квалификант 2). 
 
Жени квалификации група 1: Кристијанштад (Норвешка), Подравка (Хрватска), Гомел (Белорусија) и Кастамону (Турција).
Жени квалификации група 2: Турингер (Германија), Хипо (Австрија), Х65 Хорс (Шведска) и Мецалија Атлетико (Шпанија) 
Извлекувањето на групите ќе се одржи на вечерва во Љубљана, а натпреварите од 1.коло ќе се играат во втората половина на септември.