Спорт плус
29. July 2016 - 12:55

Македонските олимпијци подготвени за игрите во Рио

Денеска во просториите на Македонскиот олимписки комитет беше претставена делегацијата која ќе патува на ЛОИ во Рио кои стартуваат на 5-ти август. Македонија на игрите ќе ја претставуваат атлетичарите Ристе Пандев и Дрита Исљами, џудистката Катерина Николоска, Нина Балабан (стрелаштво) и  пливачите  Анастасија Богдановски и Марко Блажевски.

Делегацијата за Рио патува на 2. август а свеченото отворање на 31. Олимписки игри  е на  6 август, со почеток во 01:00 часот по Средноевропско време. Знаменосец на македонската делегација е  Анастасија Богдановски.