Спорт плус
25. September 2016 - 17:47

Македонските одбојкари ја совладаа Романија и се на чекор до баражот за ЕП

Македонската машка одбојкарска репрезентација со победата над Романија е чекор пред обезбедување на бараж меч во квалификациите за Европското првенство 2017 година. 
 
Нашите одбојкари попладнево ја совладаа Романија со 3-1 во сетови во последниото коло од Ф квалификациската чиј домаќин е чешкиот град Јаблонец. 
 
Иако Романците по голема борба го добија првиот сет со 31:29, сепак нашите одбојкари не се предадоа. Напротив. Ги одиграа следните три сета онака како што требаше и ги добија со 25:22, 25:21 и 25:22, не дозвојувајќи им на противниците да освојат уште еден сет кој ќе значеше пласман понатаму за Романија. 
 
Со оваа победа и освоените три бодови црвено-жолтите сега се на второто место на табелата и со реални шанси да останат таму, а со тоа и да се изборат за бараж меч. 
 
Нивниот пласман сега ќе зависи од домаќинот Чешка. Фаворитот кој досега има максимални три победи несмее да и дозволи на селекцијата на Естонија да освои два сета, кои би им донеле бод. Во спротивно Естонците на крајот би завршиле како второ пласирани. 
 
Во пресрет на мечот Чешка – Естонија изгледот на табелата е следниот: Чешка 15 бодови, Македонија 7, Романија 6 и Естонија 5.