Кошарка
23. July 2017 - 17:25

Македонските младинците со победа над Албанија до 13 место на ЕП

 Младата кошаркарска репрезентација на Македонија го освои 13.место на Европското првенство (Дивизија Б) за кошаркари до 20 години, што се одржува во Ородеа, Романија.
 
Македонските младинци славеа победа над соодветната селекција на Албанија со 71:65 по четвртини 7-15, 26-16, 16-21 и 22-13 во последниот свој натпревар на првенството кое црвено-жолтите го завршија како тринаесетти во конкуренција на 21 репрезентации и тоа со учинок од четири победи и три порази 
 
Инаку првопласираните три репрезентации од ова првенство обезбедуваат пласман во А дивизијата. 
 
Сигурен пласман во повисок ранг на натпреварување веќе обезбедија финалистите Хрватска и домаќинот Романија, а која селекција ќе им се приклучи останува да се види по мечот за третото место во кој ќе играат Русија и Велика Британија.