Кошарка
1. July 2017 - 19:59

Македонските младинци им се реваншираат на Полјаците

 Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 20 години) ја совлада соодветната селекција на Полска со девет поени разлика.
 
Откако избраниците на селекторот Мирко Петрески вчера загубија со 55:65, денеска во вториот контролен меч против Полјаците успеаја да им се реваншираат и да забележат победа со 63:54 по четвртини 13-15, 18-11, 21-8 и 11-20. 
 
Откако првиот период Полјаците го добија со 2 поени разлика, во вториот нашите младинци заиграа далеку подобро и на полувремето заминаа со предност од 31-26. Одличниот старт на второто полувреме во кое црвено-жолтите направија серија од 12:0 се покажа како решавачка за конечниот резултат на мечот кој на крајот гласеше 63:54 за Македонија.
 
Овие два меча како и следните два со Романија во вторник и среда, се дел од подготовките за настап на Европскиот шампионат кој кон крајот на месецов ќе се одржи во Ородеа, Романија. 
 
И претстојните два дуели со Романија ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во термините од 18 часот, а влезот за ќе биде слободен.