-->
-->
Македонските кошаркари подготвени да му се реваншираат на Косово
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија е пред голем испит. Црвено-жолтите ќе мораат да забележат победа најмалку во вечерашниот дуел против Косово, а најверојатно и против Естонија.
По двата порази од Косово на гости и Естонија на домашен терен кошаркарската репрезентација на Македонија е пред тешка задача во претквалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Кина.
Избраниците на селекторот Давитков немаат друга опција освен да остварат победи во дуелите против Косово утре и против Естонија закажан за 16 август и тоа со најмалку 5 поени разлика.
Доколку сакаме сами да решаваме за нашата судбина, црвено-жолтите само со две победи сигурно ќе ги минат претквалификациите. Само на тој начин нема да стравуваме од исходот од последниот меч во Ц групата во кој Косово на домашен терен ќе игра против Естонија.
Македонските кошаркари имаа доволно време по мечот со Естонците да ги корегираат слабостите кои се провлекуваа во првите два меча, и конечно да ја прикажат играта која сите ја очекуваат, а која ќе биде доволна да се израдуваме на првата победа.
Дуелот Македонија – Косово ќе се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.
Како што завчера објави Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за овој натпревар со Косово, нема да бидат пуштени во продажба билети и тоа од безбедносни причини, па истиот ќе може да го следат само оние кои претходно имаа обезбедено блок карти за двата претквалификациски натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата