Ракомет
2. August 2017 - 19:10

Македонските кадетки ја совладаа Швајцарија на европското во Скопје

 
Женска кадетската репрезентација на Македонија забележа победа над соодветната селекцијана на Швајцарија во дуел на Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје.
 
Во рамките од второто, на групата А, селекцијата на Македонија ја победи Швајцарија со 24-23 полувреме 13-13. 
 
Во првото полувреме нашите ракометарки во два наврати имаа и по три гола предност (6-3 и 7-4), во гостинките брзо успеаја да ја анулираат па на одмор се замина со израмнет резултат 13-13. 
 
Во вториот дел, Швајцарките беа оние кои први направија два гола позитива откако во 45.минута поведоа со 20-18. Но, избраничките на селекторката Јулијана Дамчевска, не се предадоа и набргу го израмнија резултатот на 21-21 (48.мунита). До крајот на мечот се играше со многу грешки, а во таквата игра подобро се снајдоа нашите млади ракометарки кои на крајот заслужено триумфираа со конечни 24-23
 
Во нашата репрезентација најефикасна беше Марија Тасевска со 6 голови, додека Милица Николиќ и Арлинда Динарица постигнаа по четири. 
 
За Македонските ракометарки ова беше втора победа, по вчерашната со службен резултат против Грција, додека за Швајцарките прв пораз. 
 
Утре е ден за одмор на шампионатот, по што во петок нашите ракометарки одново во терминот од 17 часот ќе го играат дуелот против селекцијата на Фарските Острови. 

.be