Кошарка
2. August 2017 - 19:17

Македонските јуниори поразени од Естонија

Јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија. 
 
Нашите јуниори во натпревар од последното 5.коло на Д групата одигран попладнево загубија од домаќинот Естонија со 78:58 по четвртини 25-13, 15-16, 22-14 и 14-15.
 
Најефикасен во нашата репрезентација беше Мартин Турсунов со 13 поени, додека Дамјан Крстевски средбата ја заврши со „дабл-дабл“ учинок од 12 поени и 11 скокови, а двоцифрен број на поени (10) имаше уште и Лука Стојановски.
 
Кое место ќе го освои Македонија во групата ќе зависи од двата вечерашни дуели меѓу Белгија – Швајцарија и Данска – Ирска.
https://

.be