Loading Video...
Фудбал
10. November 2017 - 18:05

Македонските фудбалери размислуваат само за победа против Норвешка

Фудбалската репрезентација на Македониа го одработи и последниот тренинг пред утрешниот контролен пријателски меч против Норвешка. 
 
Откако селекторот Игор Ангеловски реши да го ослободи од обврските голгетерот на Палермо, Александар Трајковски, најверојатно на утрешниот меч шанса во нападот покрај Пандев ќе добие и Иван Тричковски. 
 
„ Се работи за незгоден противник. Иако е пријателски меч, сепак во него треба да влеземе како да се работи за квалификациски дуел и одново да се радуваме на позитивен резултат. Само така може да го одржиме позитивниот тренд кој го имаме на ФИФА ранг-листата“, изјави Тричковски. 
 
Македонија четири меча во низа е без пораз, па поради тоа црвено-жолтите  во последните седум месеци има напредок на ФИФА ранг-листата, дури до 81-та позиција. 
 
Дека нема да биде лесно свесен е и младиот вардаров одбранбен фудбалер, Висар Муслиу, кој сепак е оптимист и верува дека може да се совладаат Норвежаните. 
 
„Знаеме дека Норвешка е многу незгоден противник, со цврста дуел игра и агресивни се на секој дел од теренот. Треба да го наметнеме нашиот стил на игра и да одиме на победа“, изјави Муслиу. 
 
Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Норвешка ќе се игра утре на Националната Арена „Филип Втори“, а почетокот на мечот е во терминот од 18 часот и 30 минути.