Фудбал
20. March 2017 - 17:06

Македонските фудбалери ги започна подготовките за Лихтенштајн

 
 
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн на 24 март на гостински терен во Вадуц.
 
Селекторот Игор Ангеловски го одржа првиот тренинг во пресрет на дуелот во кој нашата селекција ја има улогата на фаворит.
 
-Никогаш и никаде нема да бараме алиби иако и пред почетокот на подготовките се соочуваме со проблеми поради повредите на Хасани и Бејтулаи. Сметам дека имаме доволно добри фудбалери кои ќе одговорат на задачата и на обврските кој ќе им бидат зададени, вели Ангеловски.
 
Првиот човек од клупата ветува дека Македонија ќе оди на три бода, но сепак е претпазлив.
 
-Пристапот ќе биде ист како и на сите други пресметки, но ќе менуваме формациски. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок, но се надевам дека тоа ќе биде плус повеќе за да срушиме таа традиција, додаде Ангеловски.
 
Иако во иаминатите четири меча македонските фудбалери играа одлично, сепак тие како и фудбалерите од Лихтенштајн се без ниту еден освоен бод во квалификацискиот циклус.