Бизнис
15. September 2017 - 22:12

Македонскиот полициски синдикат достави нови барања до новото раководство на МВР

Зголемување на платите, нова опрема, униформи, возила за потребите на полицијата ,подобрување на условите за работа и преземање на мерки за поголема безбедност и здравје присекојдневните активности се само дел од барањата на македонскиот полициски синдикат доставени до новото раководство на министреството за внатрешни работи.

Надлежните сметаат дека потребно е унапредување на соработката на полициските синдикати од Балканот.

На меѓународната конференција на синдикатите на полициските службеници од државите од регионот се разговараше и за формирање на лабава асоцијација која ќе се занимава со проблемите и ќе нуди помош зависно од потребите. Инаку македонскиот полициски синдикат брои околу 7 и пол илјади членови.