Македонија
19. February 2017 - 16:32

Македонски манифест бара обединување на македонските партии за одбрана на суверенитетот на државата

НОВИНАР: ЗОРАН ЈАНЕВСКИ

СНИМАТЕЛ:

______________________________________________________________________________

Да се обединат македонските политички партии и да го одбранат суверенитетот на државата.. Ова го бара организацијата „Македонски манифест“ во декларацијата испратена до Македонскиот народ и Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.. Од организацијата велат дека изработката на документот е мотивирана од здружувањето на албанските политички партии во таканаречената платформа за која од „Македонски манифест“ велат дека тоа е обид за геноцид врз македонскиот народ..

 „Македонски манифест“ во својата декларација наведува дека суверенитетот на Македонија е неделив, а службен јазик на целата територија е Македонскиот.. Поради ова, во организацијата сметаат дека неприфатливо е барањето за воведување двојазичност.. Додаваат дека во светот не постои унитарна држава која е двојазична.. 

Во организацијата не се согласуваат ниту со намерата на дел од политичките партии за промена на името на државата..

Во декларацијата на „Македонски манифест“ се наведува дека Република Македонија не смее да прифати промена на името како замена за влез во НАТО и ЕУ.. Поради ова бара итно прекинување на преговорите и напуштање на идејата референдумски да се одлучува за името на државата..

Организацијата во својата декларација бара и спроведување истрага против потписниците на платформата на албанските партии.. Сметаат дека е антидржавна, а нејзините потписници антидржавни елементи..