Македонија
24. September 2015 - 8:14

Македонски камионџии го блокираа главниот премин на српско-хрватската граница

Македонски камоиниџи рано изутринава го блокираа патничкиот сообраќај во меѓуграничниот појас на преминот Батровци/Бајаково на српско-хрватската граница, јави Танјуг.

Според српската агенција, три камиони со македонски регитарски таблички, што превезуваат лесно расиплива стока, се попречени во меѓуграничнуиот појас на овој главен премин на границата меѓу Србија и Хрватска. 

Камионџиите изјавиле дека се решиле на ваквиот потег незадоволкни од неколкудневното чекање на границата, поради што стоката која ја превезуваат веќе почнала да се расипува. Тие се заканиле и дека расипаната стока ќе ја истоварат на самиот пат,

Според Танјуг, хрватската полиција се обидува да ги убеди да ги поместат возилата.