Македонија
18. October 2017 - 9:40

Македонски Брод рекордер по бројот на независни советници

Според податоците кои ги објави Државната Изборна Комисија, граѓаните на Македонски Брод гласале за дури 12 независни листи за советници во општината.
 
Во општината ќе има 5 независни советници, четворица од СДСМ и двајца од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. За независните листи гласале повеќе од 34 % од гласачите во Македонски Брод, а за советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ 33,8 % од гласачите 
 
За градоначалници ќе се гласа во втор круг.