Македонија
10. October 2015 - 20:33

Македонската заедница од Австрија бара да не се укине правото на глас на дијаспората

Македонската културна заедница „Св. Наум Охридски“  од Виена изразува незадоволство и загриженост во врска со укинувањето на правото на претставник од дијаспората и бара од претседателот на државата да не го потпише указот.

Во писмото упатено до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов дијаспората од Австрија бара да не го потпишува указот со што, како што наведуваат,  ќе спречите да ни се нанесе голема неправда.

- Доколку се укине правото на глас на македонската дијаспора, ќе се укине врската која ние Македоците во дијаспората ја имаме со нашата татковина. Правото да имаме претставник ние Македонците од дијаспората има големо значење за нас, затоа што преку него ние ги изразуваме нашите национални чуства и припадност кои ги пренесуваме и на нашите потомства. Затоа бараме од Вас како претседател на сите Македонци во светот да ги заштитите нашите права и да не ни го ускратите нашето право, наведуваат во писмото.