Македонија
8. September 2015 - 19:59

Македонската полиција беше во право: Меѓу бегалците има и борци кои се дојдени за да создадат балкански вилает

Македонската полиција беше во право: Меѓу бегалците има и борци кои се дојдени за да создадат балкански вилает, пишува порталот Медиа.МК.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Луксембург им го пренесе предупредувањето на своите колеги меѓу кои беше и македонскиот министер за надворешни Никола Поповски.

Според сознанијата на Медиа.мк Курц ги пренел сознанијата дека во повеќе наврати се идентификувани т.н странски борци односно жители на европските земји кои се бореле како муџахедини во Авганистан, Ирак и Сирија и сега инфилтрирани помеѓу миугрантите се враќаат назад.

Исламската држава во моментов контролира три четвртини од територијата на Сирија и голем дел од Ирак. Претпоставките на Вашинтон велат дека кризата на блискиот исток може да трае цели децении, тоа би знаечело дека се повеќе бегалци секојдневно ќе доаѓаат кон европа.

Од другастрана, Европската Унија веќе крои планови за распределба на мигрантите. Последните информации од Брисел велат дека и земјите од западен балкан може да се најдат на ваквата листа.

Според media.mk огромна е веројатноста во овој “канал“ да се најдат Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Порталот пишува дека протокот на терористи помеѓу мигрантите постоел и порано кога беше војната во авганистан, но сега ситуацијата станува пострашна затоа што бројот на бегалци е неколку пати зголемен. Според медиа, за сега се има потврдено дека европските власти не се подготвени и не го третираат овој проблем доволно сериозно.