Македонија
23. February 2017 - 16:33

Македонската опера и балет и софиската опера ќе гостуваат на „Берово - град на културата“

Театарски претстави, ликовни изложби, концерти – ова се дел од настаните кои годинава ќе се реализираат во Берово во рамки на манифестацијата „Град на културата“.

Според програмата е предвидено да се одржат над 100 настани.. Пред беровчани ќе настапат солисти од Македонската опера и балет, а предвидено е гостување и на Софиската опера.

За реализација на проектот, Министерството за култура обезбедени 2 милиони денари.

Според Министерката Елизабета Канчевска Милевска, културната понуда ќе го зголеми бројот на посетители и туристи во градот.

Надлежните велат дека организирањето на манифестацијата „Град на културата“, нема да биде единствената поддршка во областа на културата за Берово.

Министерката Канчевска Милевска најави дека и годинава ќе продолжи реставрацијата на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“.

Токму овде е сместена единствената работилница за мозаици кои ги изработуваат монахињите..

Според локалните власти, одржувањето на културната манифестација во Берово ќе го поттикне економскиот напредок на општината.

Проектот „Град на културата“ се организира 14-та година по ред.

Лани домаќин на манифестацијата беше Дојран.