Македонија
25. March 2017 - 16:16

Македонската криза стана централна тема во регионалните медиуми

Политички аналитичари во секојдневни дебати ја дискутираат состојбата во Македонија и со какви ризици може да соочи и регионот доколку се усвои  платформата од Тирана.

Српски Нови стандард со наслов „Македонија или кога непопустливоста носи резултати“  пишува за огорченоста на граѓаните да се формира влада врз основа на платформи на страснки држави.  

Анализирајќи ја состојбата Нови Стандард пишува како  ВМРО ДПМНЕ превземала политичка иницијатива инсистирајќи СДСМ да се откаже од платформата. Според анализата на порталот, партијата се покажала подготвена истовремено одлучно да го брани уставниот поредок и единството во земјата но и дека се подготвени на великодушни политички постапки кон опозицијата. Се на се, македонската непопустливост во одбраната на својата држава и нејзиното уредување почнува да ги носи првите позитивни резултати завршува Нови Стандард.

Доколку се  реализира тиранската платформа тоа ќе значи и распад на Македонија вели и познатиот српски аналитичар Миша Ѓурковиќ во емисијата Геополитика на Новосадска ТВ.

Ѓурковиќ заклучува дека сега буквално се води битка дали Македонија ќе преживее како унитарна држава или полека ќе се редефинира во правец на нејзин распад  кога албанците би се отцепиле и приклучиле кон Албанија.  Останатиот дел според политичкиот аналитичар, тешко би опстанал со оглед дека и некои други соседни држави веројатно би пробале да го припојат кон себе.