Македонија
23. July 2015 - 11:25

Македонската кинематографија претставена на фестивалот во Џифони

Вo рамки на 45. Филмски фестивал „Џифони искуство“ (Giffoni Experience), Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмска култура Џифони-М вчера ја преставија македонската кинематографија преку ревија на краткометражни филмови, промотивен материјал, забава со македонска музика наменета за младите кои се дел од интернационалното жири на фестивалот и забава со македонски производи наменета за делагациите од повеќе од 30 земји присутни на фестивалот, соопшти Агенцијата за филм.

Во склоп на ревијата на краткометражни филмови беа прикажани филмовите: „Вистинската прказна за Хансел и Гретел“ на Гоце Цветановски, „Внатре“  на Иван Ивановски, „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија и „Game Over“  на  Зоран Мишевски.

- Во „Паркот Холивуд“ вчеравечер младите од Република Македонија беа домаќини на забавата на која беа присутни сите млади кои се составен дел од меѓународното жири составено од 3.500 деца од повеќе од 50 земји од светот. Младите во текот на еден час имаа можност да уживаат во македонската музика, видеата создадени од „Џифони Македонија“, промотивните материјали во облик на бумеранг со постерот од фестивалот како и македонските производи на Капри, соопшти Агенцијата за филм. 

Потоа, манастирскиот комплекс кој датира од 13 век, се одржа специјалната вечер посветена на воспоставеното пријателство со „Џифони Македонија“. Покрај со присуство на делегацијата, Република Македонија вооедно преку штанд ги престави и македонските производи: виното од Винарија Тиквеш, автентичните производи од МАМАС и македонското сирење.

На денот посветен на Република Македонија присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот во Италија Оливер Шамбовски и италијанскиот амбасадор во Македонија Максимо Белели.

- Делегацијата од Република Македонија во текот на денот одржа средби со  Клаудио Губитози, основач и уметнички директор на Giffoni Experience, Пиеро Риналди, претседател на Giffoni Experience и Паоло Русомандо, градоначалник на Џифони (Giffoni Valle Piana). Делегацијата од Република Македонија воедно имаше и гостување во живо на регионалната телевизија, ги проследија активностите на фестивалот, оствари средба со 12 млади од нашата земја кои оваа година се дел од интернационално жири како и беа присутни на забата посветена на Македонија, информира Агенцијата за филм. 

Денес, на последниот ден во рамките на Самитот посветен на младите и медиата, кој беше наменет за презентација на идеи и проекти за заедничка соработка помеѓу членките на  новоформираната мрежа „Y planet”, Дарко Башевски, директор на Агенцијата за филм на РМ преку презентација говореше за веќе воспоставената соработка со Giffoni Experience, реализираните и идните проекти под брендот на Џифони наменети за младите, како и кои се можностите за воспоставување соработка помеѓу другите членки на мрежата.