Македонија
2. November 2017 - 16:22

Македонската и бугарската влада заеднички ќе заседаваат во Струмица

На 23 ноември во Струмица Бојко Борисов и Зоран Заев ќе ги седнат своите министри на првата заедничка владина седница по потпишувањето на договорот за Добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

Прес службата на бугарската Влада посочува дека токму напредокот во добрососедските односи ќе биде во фокусот на разговорите.

Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, се наведува во соопштението на прес-службата на бугарската Влад

Покрај работниот официјален дел, во протоколот е предвидено седницата на двете влади да заврши со полагање венец на споменикот на претседателот Борис Трајковски.

Договорот за добрососедство и соработка беше потпишан за време на официјалната посета на премиерот на Бугарија, во Скопје, на почетокот на август.

Инаку, македонската влада предводена од Заев го продолѓи континуитетот за заеднички владини седници со соседните влади.

Веќе на 2 декември, заедничка владина седница ќе има и со албанската влада.