Македонија
19. July 2015 - 11:36

Македонска крвава свадба: Младоженец и невеста повредени кај Охрид

Младоженец и невеста се повредени во сообраќајка што се случи синоќа на магистралниот пат Охрид - Свети Наум.

Триесет и четири годишната В.А.Ц. е полесно повредена во сообраќајна несреќа која синоќа околу 22 часот се случила на патот Свети Наум-Охрид.

Несреќата се случила кога возачот на автомобилот Мазда, 26-годишниот Ј.Ц. изгубил контрола, излетал од патот се превртел и удрил во железен електричен столб.

Повредената жена, за кој дел од медиумите вчера објавија дека е бремена, е пренесена во медицинскиот центар во Охрид и задржана на понатамошно лекување.

Мажот и жената вчера вечерта се враќале од нивната свадбена прослава.

 

eden

dva

Враќајќи се од свадбената веселба, од засега неутврдени причини, младоженецот изгубил контрола над возилото, возилото се извртело неколку пати и удрило во бандера крај патот.