Македонија
9. April 2017 - 17:05

Македонска Каменица со 260.000 евра пари од ЕУ гради локални патишта

Со 260 000 евра грант средства од ЕУ, општина Македонска Каменица гради локални патишта до нај оддалечените маала во селата Саса и Моштица.

Средства кои што се на барање од Владата се обезбедени од ЕУ, додека програмата ја имплементира министерството за финансии, а се администрира од канцеларијата на  Светска банка која работи во склоп на министерството- изјави Дарко Митевски, градоначалник на М. каменица

Вкупната должина на патиштата е 5 километри. Постарите жители велат дека после 70 години дочекале асфалт и до нивните куќи и ова е прв чекор кој ќе го запре процесот на депопулација на младите од руралните средини.

Задоволни сме многу, ова е супер-изјави Илија Јовановски- жител на с. Саса, М. Каменица

Сега како што е пробиен патот и со асфалт, ми се чини дека луѓето ќе бидат благодарни и ќе почнат да се враќаат овде.-изјави Стоимен Паунов, жител на с. Саса, М. Каменица

За локалната самоуправа е најважно тоа што Општината не е задолжена да ги враќа инвестираните средства, а од друга страна ги подобрува условите за живот на граѓаните и креира можности за стопанисување во овие предели.