-->
-->
Македонска Каменица инкасирала околу милион денари од втората продажба на државно земјиште
-->
Општина Македонска Каменица инкасирала околу 1 милион денари од втората продажба на неизградено државно земјиште на која се лицитираше за четири парцели за индивидуално домување и две парцели за комерцијални објекти во градот.
Како што истакна денеска градоначалникот Дарко Митевски, ова е втора обајва за продажба на државно неизградено земјиште во Општина Македонска Каменица.
- На електронската аукција се продадоа три парцели, една за индивидуално домување, а две за комерцијални објекти, додека за останатите три парцели беше постигната нереално висока цени и до моментов се немаат уплатено средствата, за да бидат потпишани договори за нивно откупување, истакна Митевски.
Тој додаде дека општината се подготвува за објава на нова продажба на парцели со која ќе бидат опфатени нови четири парцели за индивидуално домување и двајца поголеми парцели за колективно домување, како и 10-ина парцели во индустриската зона во М. Каменица наменети за лесна и незагадувачка индустрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација