Македонија
16. December 2017 - 17:01

Македонска делегација му одаде почит на романскиот крал Михаи Први

Делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери,  му оддаде почит на кралот Михаи Први на Романија на мисата што се одржа во Кралската палата. 
 
Во македонската делегација е и вицепремиерот Кочо Анѓушев и македонскиот амбасадор во Романија.  
 
џафери и анѓушев на погреб на романскиот кралНа мисата присуствуваа високи гости од државата и странство, како и Кралот на Шведска Карл Шеснаесетти Густаф, Кралот на Шпанија Хуан Карлос Први, Принцот на Велс, Чарлс и претставници на кралските семејства од Европа.
 
Романскиот крал Михаи Први ќе биде погребан денеска со највисоки државни и воени почести.