Македонија
17. February 2017 - 17:04

Македонска алијанса бара Европската унија да не се залетува со прогласувањето на Македонците во Албанија за Бугари

Европската унија да не се залетува со прогласување на Македонците во Албанија за Бугари, бара партијата Македонска алијанса. Ваквата реакција следи откако недомна двајцата бугарски европратеници преку резолуцијата на Европскиот парламент за Албанија, кои настојуваат да ја протуркаат тезата дека Македонското малцинство во мала преспа, голо брдо и Гора се Бугари. Поради ова, партијата Македонска алијанса упати декларација до Европската унија во која пишува:

– Во Албанија нема бугарско малцинство. Такво малцинство има во главите на бугарските официјални лица во Софија кои продолжуваат со антимакедонизмот како официјална политика за негирање на Македонскиот народ во целина.

Неодамна и американскиот конгресмен Дана Рохрабакер го негираше постоењето на Македонија и Македонскиот народ кој во телевизиско интервју пропагираше теза за поделба на државата меѓу соседните Косово и Албанија..

Инаку, по барањето на бугарските европратеници, експресно реагираше партијата на македонците во Албанија.. во изјава за Сител, претседателот Едмонд Темелко ги отфрли тезите изнесени во резолуцијата дека малцинството во Албанија има бугарско потекло.

Овие барања се нелогични и нереални тврдења на Република Бугарија за некакви си Бугари во Република Албанија. Тоа се потврдува и на терен и со контакти со самите жители, каде што живеат Македонци низ цела Албанија истото го зборуваат дека ова има политичка позадина. Реалноста е дека ние сме Македонци, такви сме биле и такви ќе останеме без разлика на тврдењето и барањето на некој си таму пратеник во ЕП на Република Бугарија’’, изјави Едмонд Темелко, Претседателот на партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.

И покрај овие реакции во јавноста, засега владее молк во Брисел.. Нејасно е дали во иднина со гласање во европскиот парламент е можно и Македонците во Македонија да бидат прогласени за Бугари.