Бизнис
8. April 2017 - 16:41

Македонија збогатена со 80 нови хотели, за период од пет години бројот на хотели во земјава од 147 пораснал на 229

Македонија збогатена со 80 нови  хотели.  За период од  пет години од 2010  до 2015  бројот на хотели во земјава од 147 пораснал  на 229.

Изградени се во сите делови на државава. Скопје, Охрид, Струга, Маврово, Гевгелија. Поголем дел од нив се со до три ѕвездици.  

Надлежните велат со развојот на туризмот изминативе години постојано има потреба од нови сместувачки капацитети. 

Со развојот на туризмот надлежнте посочија дека  хотелиерството  и угостителството се соочиле  со недостаток на  кадар за работа. Особено проблем има со хотелите со 4 и 5 ѕвездички кои според услугите кои ги нудат имат потреба од персонал за работа кои треба да помине низ поспецифични обуки.

Засега политичката криза  нема големо влијае врз туризмот, но  надлежните предупредуваат ако таа се продлабочи и не се најде броз решение може сериозно да се одрази врз секторот.

Според последните податоци на статистиката, во јануари годинава земјава ја посетиле над 25 илјади странски туристи или 15 отсто повеќе од истиот период лани.

Најбројни  биле гостите од Грција, Бугарја, Албанија, Србија и Турција. Зголемениот број на посетители во земјава се должи на субвенционирањето на авиопревозот, но и на добрите аранжмани  за странските гости.