Македонија
28. јуни 2017 - 17:40

Македонија втора година добива пониска оценка во извештајот за трговијата со луѓе

Нецелосното исполнување на минимум стандардите за елиминарање на трговијата со луѓе втора година по ред ја става Македонија во земјите кои добија ТИЕР2 оценка од Стејт Департментот. На истото ниво се и поголемиот дел од балканските земи: Хрватска, Босна и Хецреговина, Грција, Косово, Романија, Турција. Помеѓу најдобро рангираните се најде само Словенија, а полоши оценки од Макједонија годинава добиваат Бугарија, Црна Гора и Србија кои се на листата за набљудување. 

Ваквото рангирање во најгфолем дел се должи на мигрантскитре бранови и се почлестата злоупотреба на мигрантите на патот низ балкјанските земји до западна европа.

Минатата година според податоците на Стејт Департ6ментот во земјава биле идентификувани 120 мигранти како потенцијални жртви на трговија со луѓе од кои дури 42 биле деца (78 возрасни). Бројката споредена со претходниот извештај бележи зголемување за 20 лица.

Дека на мигрантите и такја тешкиот пат им го отежнуваат криумчарите потврдува и Ленче Здравкин, која со години им пружа помош на патниците по ѓелезничката пруфга која минува пред нејзиниот дом во Велес. На повеќе од една година од затворањето на балканската бегалска рута, Здравкин вели дека секој дневно сведочи на страшната судбина на бегалците кои патуваат низ Македонија.

Но и државата и институциите како да го заборавија проблемот со бегалците обидувајки се да ги решат политичките проблеми. На температури и над 40 степен нема кој да им помуди ниту вода за пиење.Покрај бегалците, во извештајот за Македонија, Стејт Департментот забележува дека во изминатите пет години земјата е и извор и транзит и земја дестинација за жртвите на трговија, без разлика дали станбува збор за мажи, жени или деца. Како сериозен проблем се посочуваат и децата Роми кои се принудени да питачат и да стапат во брак.

САД и препорачуваат на земјата да ја засили истрагата, да ги зголеми постапките против трговците одредувајки соодветни казни кои би го намалиле нивниот број.