Бизнис
29. September 2016 - 19:50

“Македонија вработува“ ја намали невработеноста во Кавадарци

Проектот Македонија вработува го намали бројот на невработени во Кавадарци. со мерките кои ги нуди програмата, за околу 15-тина месеци се вработиле 400 луѓе. Од министерството за труд и социјала велат дека проектот Македонија вработува  ги дал очекуваните резултати.

Поволностите кои ги нуди проектот Македонија вработува најчесто ги користат малите и средни компании. Тие за секое ново отворено работно место годишно заштедуваат по околу 2 илјади евра.

Проектот Македонија вработува стартуваше минатата година. Ќе трае до средината на 2017-та. Се очекува тој да отвори над 30 илјади работни места