Кошарка
1. August 2017 - 18:48

Македонија утре против Косово ги започнува претквалификациите за СП 2018

Најдобрата репрезентација на Македонија замина за Приштина каде утре против Косово го игра првиот меч од предквалификациите за СП 2018 година. 
 
Со дуелот против Косово, Македонија ги започнува Мундиајските предквалификации во кои за противник ќе ја има и селекцијата на Естонија. 
 
Капитенот Стојановски верува дека оваа селекција има капацитет за пласман во следната рунда
„Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите чекаме да почне циклусот. Не чекаат тешки четири меча, но подготвени сме и физички. Се надевам дека ќе успееме да се пласираме во квалификациите за СП. Атмосферата во Косово сигурно ќе биде жешка, но верувам дека може да успееме. Се надевам дека публиката на наредните мечеви ќе биде наш шести играч“, изјави Стојановски.
 
Средбата, Косово – Македонија ќе се игра утревечер од 20 часот и 15 минути