Македонија
9. November 2015 - 16:50

Македонија утре ќе ја добие седмата препорака за старт на преговорите за членство во ЕУ

Европскиот парламент е задоволен од позитивните политички промени во однос на политичкиот дијалог во Македонија и законодавното тело на Европската унија тоа очекува да се рефлектира и во утрешниот прогрес-извештај што ќе го издаде Европската комисија за напредокот на земјата во евроинтеграциите.

Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски со европратеникот Алојз Петерле, кој е и претседавач со Мешаниот парламентарен комитет на Европарламентот и македонското Собрание. Според Попоски, постои охрабрување кај поддржувачите на Македонија во ЕП и воопшто во Европската унија за спроведувањето на одредниците од полиитчкито договор.

Поранешниот премиер на Словенија посочи дека добрите вести од македонската држава се очекува позитивно да се одразат и на извештајот на Еврокомисијата.

- Јас сум многу задоволен поради позитивните промени во Македонија. Мешаниот парламентарен комитет ќе се одржи во втората половина на првата недела во декември и јас денес имав можнсот да разговарам за некои политички елементи на овој развој со министерот за надворешни работи на Македонија, господинот Попоски