Македонија
11. August 2017 - 17:23

Македонија прв пат толку долго е во портокалова фаза

Прв пат Македонија толку долго е во портокалова фаза тврдат од комисијата за топлотни бранови. Повеќе од една недела целата територија на државата е зафатена со екстремно високи температури околу 40-от степен што досега откако се следи состојбата се случувало најмногу до 3 дена во континуитет. Последен пат црвен аларм поради горештините во земјава беше вклучен летото 2007-ма година. Разликата меѓу двете фази е многу мала, но според лекарите поопасно е за здравјето на луѓето е долгиот период на многу топло време како што е сега и тоа го истоштува организмот.

- Затоа што периодот на одмор што треба да го имаме навечер е премногу топло. Едноставно луѓето неможат да се наспијат и тоа го истоштува организмот. Треба да се внимава со храната, да биде полесна и да се внесуваат повеќе течности, изјави проф. Д-р Михаил Кочубовски од Комисија за топлотни бранови.

Дополнителен шок за организмот е и најавеното разладување за 15-тина степени викендот сметаат лекарите.

- Големите промени на температурата не се баш за сите најдобри и треба луѓето да внимаваат бда не преминуваат на друг режим на исхрана, да продолжат со течности и физичка активност, додаде проф. Кочубовски.

Посвежо време ќе имаме само викендот, а од понеделник температурите повторно ќе растат, но нема да биде толку многу топло.