Ракомет
31. January 2016 - 13:42

Македонија против Чешка во баражот за СП 2017 во Франција

Репрезентацијата на  Чешка ќе биде противниот на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство што следната година ќе се одржи во јануари 2017 во Франција.

Првиот натпревар ќе се игра на теренот на Чешка, додека во реваншот е во Македонија.

Натпреварите ќе се играат од 10-12.јуни 2016 (прв дуел), 14-16.јуни 2016 реванш.

 

Во другите бараж дуели ќе играт:

Шведска - БиХ

Полска - Холандија

Русија - Црна Гора

Србија - Унгарија

Исланд - Португалија

Словенија - поразениот од дуелот Норвешка - Хрватска

Белорусија - Летонија

Данска - Австрија

Извлекувањето се одржа во Таурон Арена во Краков, како најава на последните два натпревара од Европското првенство во Полска.