Македонија
2. January 2016 - 16:14

Македонија пред одлука, а и Европа на крстопат: Дали Меркел ќе биде жртва на бегалската криза?

Годината која што почна не е политички важна само за Македонија, туку и за Светот, кој одамна не се нашол во состојба на волку насобрани проблеми и предизвици кои треба да се решат само во една година.

За нас е познато, очекуваме избори во април 2016 после кои Македонија ќе се врати во нормалната европска политика – политика која зависи од интересите и вољата на граѓаните – дали ќе има подобри услови за вработување, плати, инвестиции, пензии и стабилност или пак ќе продолжи политиката на инциденти, конфликти, улична демократија, криминал и корупција, политика на прислушувани разговори е изборот на македонците.

Во Европа, се чини, годинава ќе донесе темелни промени. Никој веќе не може да го игнорира сукото влијание во Еврпа, а ниту во Светот, што ќе донесе поместување на геостратешките интереси на Балканот.

Германија донесе одлука да гради гасовод со Русија. Ваквата одлука, смени власт во Бугарија и сериозно го разниша владеењето на Ердоган во Турција, донесе политички промени во Грција, создаде конфликт во Македонија а се чини следна на ред за уривање е Меркел во Германија.

Лондонскиот Фајненшал Тајмс, прогнозира дека во 2016 година Ангела Меркел би можела да ја напушти функциојата германски премиер, односно канцелар.

Иако претходната година Меркел имаше силна поддршка од нејзината партија, годинава таа би можела да доживее сосема поинакви реакции од нејзините демо-христијани но и од германската јавност, пишува весникот. Рускиот гасовод ни би бил главната причина за удар врз Меркел, туку Бегалците. Во Германија доаѓаат преку легални и нелегални канали и ги има близу еден милион, тоа е голем терет за локалните и регионалните власти кои се противат на нарушената безбедност и трошоците кои не ги планирале однапред.

Меркел најави нов прием на бегалци во 2016, со очекувани околу половина милион доселеници, што би бил товар на регионалните и централниоте власти кој тешко дека ќе се издржи. Особено од безбедносен аспект праксата покажа дека многу терористи се вовлечени помеѓу бегалците, а како тече војната во Сирија и Ирак, со пораз на исламистите од ИСИС ќе се зголеме и бројот на нивните припадници кои ќе бегаат камуфлирани како бегалци.

Во однос на војната во Сирија, Фајненшл Тајмс, прогнозира дека Башар Ал Асад ќе остане на власт и наредната година во таа држава.

Се предвидуваат и акции за отцепување на Велика Британија од Европската Унија, пред се заради локалните политички и економски интереси за Британците кои не се согласуваат со економската политичка доминација на Германија па и Франција со Европската Унија. Ова е главна причина за изјавите на полските, чешките италијанските и словачките државници кои зборуваат дека Европската унија нема добра иднина. И на крај, Фајненшл Тајмс смета дека во оваа 2016 година ќе има и промени на американската политичка сцена.

Големото водство на Доналд Трамп на партиските републикански избори нема да значи негова кандидатура за претседател под знамето на републиканците. Напротив, Фајнешл тајмс, смета дека Трамп на крај ќе најде свои политички и финансиски интереси да се повлече од кандидатурата а републиканците да го кандидираат Тед Круиз, иако многумина му даваат повеќе шанси на Џеб Буш.

Од друга страна, кај демократите скоро сигурно е дека како изоборен кандидат ќе се појави Хилари Клинтон.