Бизнис
19. July 2016 - 16:17

Македонија повторно ја издаде евро-обврзницата

Македонија денеска повторно ја објави евро-обврзницата на меѓународните финансиски пазари.

Обврзницата e ре-издадена откако при првичната понуда направена минатата недела, СДСМ до заинтересираните инвеститори испрати писмо во кое тврдепе дека има законски пречки за издавањето.

Еврообврзницата од 650 милиони евра се нуди со рок на отплата од седум години, а, како што наведува Ројтерс за разлика од при првичната понуда кога каматата се процени на среден ранг од 5%, сега се очекува повисока каматна стапка.

Владата образложи дека задолжувањето е за две буџетски години и треба да обезбеди непречени исплати на тековни обврски, враќање на стари долгови, како и финансирање на капиталните инвестиции.

Издавањето на обврзницата се одвива преку Ситигруп, Дојче Банк, Ерсте Груп и Сосиете Женерал.