Кошарка
26. August 2017 - 14:23

Македонија поуспешна од Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија (играчи до 14 години) ја постигнаа втората победа на „Словенија Бол“ откако денеска ја совладаа Полска со 78:66 (13:19; 23:15; 20:18 и 22:14) во натпревар за пласман од 5-8.место. По стартната победа над Словенија „бели“, нашите млади кошаркари запишаа три порази (Израел, Хрватска и Украина).
На денешниот дуел против Полска најефикасни кај Македонија беа Михаил Наумоски и Горазд Величковски со по 13 поени. 
Утре во натпревар за 5.место Македонија ќе игра повторно против Украина, која денеска постигна победа над Унгарија со 81:52. Во полуфиналето попладнево играат: Словенија „сини“ против Израел и Црна Гора против Хрватска.