Ракомет
5. August 2017 - 14:45

Македонија последна на ЕП за јуниорки

Женската ракометна репрезентација на Македонија го освои последното 16.то место на Европското првенство за ракометарки до 19 години што се одржува во Словенија. Попладнево во натпреварот за 15.место Македонија загуби од Србија 24:21 (12:10). Најефикасна во нашиот тим беше Ива Божиновска со 7 голови.
Нашата репрезентација шампионатот го заврши со седум порази без ниту еден триумф.
Во борбата за златниот медал утре ќе играат Франција и Русија, додека во дуелот за третото место ќе се борат Унгарија и Данска.