Фудбал
8. April 2017 - 19:36

Македонија поразена од Казахстан

Македонската репрезентација во футсал со пораз од Казахстан го започна квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Словенија.

Во рамките од 1.коло на Ф квалификациската група чии средби се играат во Алмати, македонската футсал селекција е поразена од домаќинот Казахстан со 3:0.

Во првиот натпревар од ова група Чешка ја победи Данска со 5:4.

Токму Чешка ќе биде следниот противник на Македонија и тоа веќе утре во мечот од 2.коло кој ќе се играат во терминот од 11 часот и 30 минути.

Во последниот натпревар кој на програмата е во вторник од 13 часот, црвено-жолтите за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Данска.

Директен пласман на ЕП во Словенија догодина ќе обезбедат само првопласираните репрезентации од седумте групи, додека второ рангираните како и најдобро пласираната трета репрезентација од сите групи во септември ќе играат бараж натпревари.