Македонија „под мраз“ - Скопје најстуден град утрово
Најниска температура во седум часот изутрина е измерена во Скопје Петровец и во Берово, минус шест степени, а минус пет степени се регистрирани во Тетово, Демир Капија и Битола.
Четири степени под нула се измерени во Струмица и Маврово, минус три во Куманово, Прилеп, Штип и Дебар, минус два во Лазарополе, Крива Паланка, Скопје и Гевгелија,минус еден во Тополчани, Претор и Охрид, нула во Крушево, а еден степен во Виница, Пожар, Пожаране, Ѓуриште, два во Дојран.
Времето денеска на повисоките места и планините ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец. По одделни котлини со слаба утринска магла, тивко и посвежо. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево и тивко. Температурата ќе се искачи до осум степени.
Во наредните денови ќе продолжи продолжува периодот на стабилно и суво време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла, особено во утринските часови.
Зголемување на облачноста ќе има утре и задутре, а за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време за овој период од годината.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина