Спорт плус
17. јуни 2017 - 7:39

Македонија почна со победа (3-0) над Азербејџан

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија со победа го започна  својот нов (четвртти) настап во Европската лига. 
 
Македонските одбојкари синоќа во рамките од 1.коло на А групата ја победија репрезентацијата на Азербејџан со максимални 3:0.
 
Првите два сета македонските одбојкари ги добија со идентични 25-19, додека во третиот на противникот му препуштија поен повеќе (25-20).  Дуелот траеше 102 минути.
 
Во првиот дуел од оваа група (натпревраите се играат во СРЦ „Кале’’) во Скопје, репрезентацијата на Албанија, иако губеше од Шведска со 2:0 во сетови, сепак во продолжението успеа да напрви пресврт и мечот го доби со 3:2, по сетови 15-25, 23-25, 25-23, 26-24 и 15-9.
 
Денеска во дуелите од 2.коло ќе играат Шведска – Азербејџан од 17 часот и Македонија против Албанија во терминот од 19:30 часот.
Влезот во салата е слободен.