Македонија
28. November 2015 - 10:21

Македонија побеле – Најголема снежна покривка има во ...

Снегот што заврна на повисоките места во Македонија формираше снежна покривка во Маврови Анови - 17 см, во Лазарополе - 14 см и во Пожаране 13 см.

Најниски температури утрово се измерени во Маврово -3 степени целзиусови и Ѓуриште - 1 степен. Највисоки се измерени во Дојран и во Гевгелија 6 степени целзиусови, а во Скопје утрово е измерена температура од 3 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб дожд,  во претпладневните часови,  и со умерен северен ветер. На планините и повисоките места врнежите ќе се од снег, температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.