Фудбал
7. January 2016 - 14:03

Македонија падна две места на ФИФА листата

Mакедонската фудбалска репрезентација се најде на 138.место на најновата рејтинг листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денеска. Ова е влошување на пласманот на „црвено-жолтите“ за две места во однос на минатомесечното рангирање.
 
Од репрезентациите кои се наоѓаат во иста група со Македонија во квалификациите за Светското првенство, најдобро пласирана е Шпанија (3.место), Италија е 15-та, Албанија се наоѓа на 38.позиција, Израел е 71-ви, додека Лихтенштајн е на 165.место.
 
Во ТОП 10 нема промени. Лидер е Белгија, а по неа следуваат Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.
 
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 4 февруари.