Фудбал
17. October 2017 - 13:57

Македонија - Норвешка на 11.ноември во Скопје

Македонската А репрезентација на 11. ноември ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
 
Против репрезентацијата на Норвешка досега имаме одиграно три меѓусебни дуели. Во квалификациите за СП 2010 година одигравме натпревар без голови во Скопје, додека на гостувањето во Осло загубивме со 2:1.
 
Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло бевме поразени со 2:0. Норвешка е рангирана на 58. место на листата на ФИФА.